BH Airlines: Летови Сараево – Скопје четири пати неделно

26

B&H Airlines - Airbus A319-132 - TC-JLR - 2828 NETПочнувајќи од 1-ви април годинава, босанско-херцеговската авиокомпанија BH Airlines ќе воведе летови кон Скопје, четири пати неделно.

Авиокомпанијата планираше да ги воведе летовите во текот на новогодишните празници, но нивниот почеток е одложен до 1-ви април.

BH Airlines исто така планира воведување линија до Амстердам, како и услуги за Загреб во соработка со Croatia Airlines.

Авиокомпанијата и претходно вршеше летови од и кон Скопје. Дел од нив беа прекинати поради мал интерес.