Бил Гејтс му ја одзеде титулата на Безос за најбогат човек во светот

64

Џеф Безос повеќе не е најбогат човек на светот, бидејќи основачот на Microsoft, Бил Гејтс му ја презеде титулата, пишува Bloomberg.

Гејтс во октомври го премина Безос, откако склучи договор со Пентагон вреден 10 милијарди долари, но ситуацијата за многу кратко се врати “на старо“.

Според Bloomberg Billionaires Index, Гејтс моментално “тежи“ 110 милијарди долари. Ова е прв пат во период од две години милијардерот и филантроп да се најде на оваа позиција.

Вредноста на Безос, кој сега е втор, изнесува 108,7 милијарди долари.

Најбогатиот Европеец, Бернард Арно е трет најбогат човек во светот со 102,7 милијарди долари.

Фото: Facebook