Бит-пазар добива нов лик

100

skp_corp_bitpazar_slika_3_022016-01

Фото: Скопски Пазар

Град Скопје и Општина Чаир со поддршка на Еснафот на Старата скопска чаршија и Комората на трговци на Република Македонија преземаа обврска пред граѓаните да ги ослободат улиците и тротоарите на Бит-пазар од сите препреки што му пречат на нормалното одвивање на сообраќајот во којшто учествуваат моторните возила, велосипедистите и пешаците на Бит-пазар, пишува во официјалното соопштение на Град Скопје.

СКОПСКИ ПАЗАР АД Скопје како инвеститор на проект за реконструкција на Бит Пазар Скопје, официјално доби Одобрение за градење.

Град Скопје и Општина Чаир по расчистување на просторот од дивите тезги, најавија дислокација на такси станицата, уредување на зелени површини, нови дрвореди и поставување на заштитни столбчиња на тротоарите од двете страни на булеварот.

Со оваа инвестиција се предвидува и поставување на 1.000 нови тезги, целосно обновување на инфраструктурата на пазарот (водовод и канализација), целосно покривање на пазарот со отварање на нови 230 паркинг места во рамките на локацијата и нов деловен простор во површина од 600 м2.