Бизнис бонтон: Правила за убаво однесување во деловниот свет (2)

424

Следните шест правила за убаво однесување се продолжение од првиот дел на бизнис бонтонот што е наменет за сите бизнисмени и претприемачи.

Никогаш не доцнете

Доцнењето е лоша навика и знак дека не ги почитувате луѓето кои ве чекаат. Понекогаш постојат објективни причини поради коишто не сте успеале да стигнете на време и треба учтиво да се извините. Но, внимавајте, бидете подобро организирани и не дозволувајте доцнењето да ви стане навика.

Облеката нека ви прилега, но никогаш да не биде несоодветна

Без оглед на тоа што во приватниот живот сакате тренерки и патики, тоа не треба да биде стилот што ќе го имате на работа. Лежерниот стил на облекува не е грешка, но доколку имате гости, состаноци, средби и слично внимавајте на тоа да бидете прикладно облечени. Формалната облека секогаш е добар избор, како и неутралните нијанси.

Доколку сте ги поканиле партнерите на вечера, вие плаќате

Деловниот ручек или вечера се одлична можност за (не)формално дружење со соработниците, но ако таа се случува на ваша иницијатива, сметката ја плаќате вие. Во бизнис светот важи тоа правило, па затоа почитувајте го.

Внимавајте на манирите на маса за време на деловна вечера

Без оглед на тоа дали организирате или сте поканети на деловна вечера, постојат одредени манири што мора секогаш да ги почитувате. Тоа важи и за средбите со пријателите и семејството. Никогаш не зборувајте со полна уста; не се потпирајте со лактите на масата; не го дувајте носот во марамче пред сите и не држете го мобилниот телефон во рака додека сте на масата. Овие манири значат добро и прифатливо однесување каде и да сте.

Фото: Pixabay