Благој Ѓорев со нето добивка од 2,6 милиони денари

82

Blagoj gorev

Компанијата Благој Ѓорев од Велес, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, оствари нето добивка во висина од 2.634.000 денари, покажува Билансот на успех на компанијата, објавен на Македонската берза.

Во овој период, вкупните приходи од продажба се 127.311.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 118.303.000 денари, а остатокот од 9.008.000 денари на странски пазари.

Оперативните расходи на фабриката Благој Ѓорев во тримесечниот период биле на ниво од 140.082.000 денари, додека во истиот период лани тие биле 152.141.000 денари.