„Блумберг“: Десет клиенти отвориле сметки во рубљи, четворица извршиле уплати

99

Десет европски компании досега отвориле сметки во „Газпромбанк“ за да го исполнат барањето на Русија да го платат гасот во рубљи, а четворица европски клиенти веќе извршиле плаќање во руска валута, пишува „Блумберг“, повикувајќи се на неименуван извор близок до рускиот гасен гигант „Газпром“.

Коментирајќи го прекинот на испораките на руски гас за Полска и Бугарија, соговорникот на њујоршката агенција изјавил дека дури и ако другите купувачи ги отфрлат условите на Кремљ за плаќање на гасот во рубљи, најверојатно нема да има нови прекини до втората половина на мај.

Русија доставува гас до 23 европски земји преку различни гасоводи.