Брансон обезбеди 1,5 милијарди долари за спас на Virgin Atlantic

52

Ричард Брансон обезбедува пари за Virgin Atlantic како дел од планот за спас вреден 1,5 милијарди долари, чија цел е да ја одржи солвентноста на авиокомпанијата, пренесува CNN.

Планот за рекапитализација, како што наведуваат од компанијата, ќе биде спроведен во следните 18 месеци, а ја има поддршката од акционерите, вклучувајќи ја и Delta Air Lines, нови и постоечки инвеститори.

Согласно планот, постоечките акционери ќе учествуваат со 750,6 милиони долари, вклучувајќи и 250 милиони долари од Virgin Group, компанија основана од милијардерот Брансон. Хеџ фонд од САД обезбедува 188 милион долари, а финансиски институции партиципираат од 562,5 милиони долари.

Virgin Atlantic претходно побара комерцијален заем од 626 милиони долари од властите во Велика Британија, но не наиде на позитивен одговор. Претходно, за да ја спаси својата авиокомпанија, британскиот милијардер како гаранција го понуди својот карипски остров.

Авиокомпанијата што беше отворена само за карго летови од април годината, планира да ги рестартира комерцијалните летови од 20-ти овој месец.

Фото: Facebook