Бразилската економија на ниво од пред пандемијата

16

Бразилската економија, најголема во Латинска Америка, беше тешко погодена од пандемијата, а сега успеа да се врати на нивото од пред кризата.

Бруто домашниот производ (БДП) во првиот квартал се зголеми за 1,2%, додека растот го поттикна земјоделието. БДП лани се намали за рекордни 4,1%.

Активностите во земјоделието се зголемија за 5,7%, индустријата за 0,7% и услужниот сектор за 0,4%.

Кампањата за вакцинирање во Бразил ја одбележа недостатокот на вакцини и доцнење во испораката. Досега околу 10,5% од 212 милиони жители во земјата се целосно вакцинирани, што е премалку за забавување на пандемијата.

Фото: Freepik