Бреинстер Некст колеџ инвестира 2.5 милиони евра за овозможување пристап до квалитетно високо образование

57

Акредитираната високообразовна институција Бреинстер Некст колеџ – воедно и прв применет ИТ колеџ во нашата држава, прави инвестиција од 2,5 милиони евра за наредните 5 години со цел да овозможи пристапно и квалитетно високо образование во информатичките науки за идните студенти.

Станува збор за проектот Студирај сега, плаќај по вработување! како уникатен модел на финансирање чијашто примарна цел е најспособните студенти, без разлика на нивните финансиски можности, да добијат прилика за врвно апликативно образование кое ќе води кон сигурно вработување и кариера од иднината.

Главниот мотив зад оваа инвестиција на Бреинстер Некст колеџот и отпочнувањето на овој проект е да помогне во оттргнување на примарната грижа на студентите и нивните родители при одлуката за избор на студии – а тоа се финансиите. Овој фактор при изборот на институцијата и областа на студирање е оној кој најчесто ги одвлекува студентите од посегнување по квалитетните и напредните програми. Преку проектот Студирај сега, плаќај по вработување!, Бреинстер Некст колеџот ја дава можноста и сигурноста овој фактор повеќе да не претставува проблем.

Со тоа, овој проект, прв и единствен од ваков тип кај нас, им нуди шанса на сите матуранти и млади лица да се запишат на додипломски студии по Софтверско инженерство и иновации на Бреинстер Некст колеџ и да ги поминат 3 годишните студии без финансиско оптоварување и со 0 денари дополнителни трошоци сé додека не дипломираат или не се вработат.

Воедно, ова е единствениот концепт за финансиска поволност за студентите кој не се базира на рангирање и пресметки за минатиот труд (оценките од средното образование и резулатите од полагањето на државната матура) туку напротив, на нивните компетенции, способности, афинитети и желба да се постигне повеќе и да се напредува.

Поради тоа, условот за да се стекне студентот со можноста да ја искористи оваа уникатна поволност е да се вклучи во квалификационо тестирање за компетенции и способности, коешто ќе започне да се спроведува кон крајот на месец април од страна на колеџот.

Сите детали околу Студирај сега, плаќај по вработување! ќе бидат достапни многу наскоро преку социјалните мрежи и официјалната страна на Бреинстер Некст колеџот, а воедно и преку директен контакт со институцијата.