Брендираното бело сирење да биде Дебарско сирење

48

Bulgarian feta cheeseСпоред одлуката на Здружението на сточарите од Дебар, брендираното бело сирење кое се произведува на традиционален начин треба да го носи името Дебарско сирење.

Дебарското здружение на сточарите Даши, достави барање до надлежните државни институции кои се занимаваат со брендирање на домашните производи, овој млечен производ да го носи името Дебарско сирење.

На седницата на сточарите на која учествуваа и претставници на регионалниот центар за развој на регионот на југозападна Македонија, беше одлучено веднаш по добивањето на позитивен одговор од надлежните агенции за добивање на трговска марка, сирењето од дебарските сточари да се продава во соодветни канти со свое лого и име.

“Дебарското сирење е едно од најквалитетните сирења произведени на традиционален начин во Европа”, изјави Илмије Власаку, директорка на јавното претпријатие за пасишта на Македонија.

Власаку потенцираше дека на последниот саем во Италија дебарското сирење ги доби највисоките оценки. Како што рече, тоа е сирење кое се произведува од млеко што се добива од овци кои напасуваат трева во квалитетни пасишта на падните на Бистра, Кораб, Стогово.