Британија го скратува рокот за плаќање на големите компании на малите добавувачи

24

Големите компании во Велика Британија мора да го забрзаат плаќањето на малите добавувачи. Ова го препорачува трговското регулаторно тело, скратувајќи го рокот за плаќање за да им се помогне на мали компании да ја надминат кризата.

Новиот рок за плаќање на малите добавувачи, со најмногу 50 вработени, е 30 дена и е двојно помал од досегашниот. За средните и големите компании, рокот за плаќање и понатаму ќе биде 60 дена, а измените им дозволуваат на добавувачите да пресметаат камата за пробивање на роковите за наплата, пренесува ВВС.

Владата на Велика Британија и понатаму ќе ги објавува имињата на компаниите што не им плаќаат на добавувачите во предвидениот рок, а досега доброволниот кодекс го потпишале повеќе од 2.800 големи компании.

Фото: Freepik