Бугарите разменија над милијарда лева за евра

230

Граѓаните на Бугарија по гласините дека нивната валута лев ќе престане да има фиксен девизен курс во однос на еврото, почнаа масовно да ја разменуваат за официјалната валута на Европската унија.

Според податоците на Бугарската народна банка, граѓаните од сметките подигнале скоро 1,2 милијарди лева (околу 613 милиони евра), додека истовремено на сметките уплатиле 350 милиони евра.

Во јануари 2020 година депозитите на невладиниот сектор во бугарскиот банкарски систем изнесувале над 42 милијарди евра или 66,2% од проектираниот БДП.

Годишниот пораст на банкарските депозити во овој сектор изнесува 7,9% по растот од 9,7% месец дена претходно.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев изјави дека Бугарија има намера полноправно да учествува во сите аспекти на политиката на ЕУ и помеѓу другото сака да се придружи на Еврозоната.

Фото: Pixabay