Бугарите со најмалку платен работен час во ЕУ

31

eurosБугарија е земја со најниска цена на трудот во Европската унија за 2013 година – 3,7 евра за час, стои во извештајот на Евростат објавен вчера. Најплатен работен час имаат Швеѓаните, 40,1 евра, а по нив следуваат Данска (38,4), Белгија (38), Луксембург (35,7) и Франција (34,3).

Во групата најслабо платени, по Бугарија следуваат Романија со 4,6 евра за час, Литванија (6,2) и Латвија (6,3). Хрватите земаат 8,8 евра по работен час, Словенците 14,6, а Грците 13,6 евра.

Просечната цена на трудот во ЕУ28 за 2013 година е 23,7 евра, а во еврозоната 28,4 евра.

Europe_hourly-labour_costs_2013_March282014