Цените за угостителските услуги во февруари намалени за 0,1%

19

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2014 година, во споредба со јануари 2014 година, остана на исто ниво.

Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0,1%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2014 година, во однос на истиот период од минатата година е намален за 0,1%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,2%.