Chrome и Firefox со нов веб стандард – најава без лозинка

21

Фото: Pixabay

Веб “прелистувачите“ Chrome и Firefox наскоро на своите корисници ќе им овозможат поголема заштита на нивните податоци благодарение на новиот стандард, со којшто нема да се користат лозинки за најава како што беше досега.

Наречен WebAuthn, новиот стандард, моментално е поддржан од последната верзија на Firefox, а ќе биде дел и од следните верзии на Chrome и Edge коишто треба да бидат пуштени во употреба за неколку месеци.

WebAuthn речиси две години чека одобрување од органот за стандардизација W3C (World Wide Web Consortium), коешто наскоро и официјално ќе го добие, пишува The Verge. Со новиот стандард корисниците наместо со лозинки ќе се најавуваат преку USB токени и биометриски, што е многу посигурен начин за заштита на податоците.

Овие системи веќе функционираат на Google и Facebook.