Чуваат домови на непознати луѓе и патуваат низ цел свет

112

Доколку некој сопственик на куќа или стан мора да отпатува на подолго време, а нема на кого да го остави домот да се грижи, постојат неколку платформи преку коишто може да најдат некој што ќе им го чува домот додека тие се отсутни. Една од тие платформи е TrustedHousesitters, преку којашто може да се добијат такви услуги, дури и во услови на пандемија, почитувајќи строги мерки за заштита.

Овие таканаречени “професионални чувари“ се луѓе кои патуваат низ светот во текот на целата година, одат од една во друга земја, со цел да чуваат нечиј дом. Тие се обврзуваат редовно да ја проверуваат состојбата во домот, да ги хранат домашните миленици, да ги наводнуваат цвеќињата и слично.

Ова може да биде одлична прилика да се прошетаат различни места во светот и за малку пари да се видат многу работи. Тие не добиваат класична плата, туку добиваат бесплатно сместување во домот на сопственикот и ја преземаат грижата за домот додека тој е отсутен.

Ваквиот начин на патување може да биде прилично заморен, ако домот што се чува има голем простор за одржување, но сепак има и бројни предности од ваквиот необичен начин на патување и запознавање на светот.

Фото: Freepik