Дали потврда за примена вакцина ќе биде “нов пасош“?

69

На почетокот на ноември беше објавено дека еден од кандидатите кој прави вакцина против болеста Ковид-19, направена од Pfizer и BioNTech, е над 90% ефикасна во спречување на заразување на волонтерите.

Оттогаш почна да се поставува прашањето дали е ова почеток на крајот на владеењето на овој фатален вирус?

Туристичката индустрија доби позитивен знак веднаш по објавувањето на ваквите вести и се чини дека патувањата и годишните одмори можат полека да се вратат во нашите животи. Сепак, дали патувањата и годишните одмори по вакцината ќе се вратат на она што биле некогаш или ќе бидат променети?

Секако е прашање на време кога работите ќе се вратат во одреден степен на нормалност, но ќе трае доста долго, но потенцијалните патувања засега се далеку ако го следиме и чекаме распоредот за вакцинација на населението на глобално ниво, пишува магазинот Tumagazin.

Сите земји прво ќе се обидат да ги вакцинираат болните, а потоа и здравствените работници, пред да се дојдат на општата секојдневна популација. Ова не вклучува практични проблеми во врска со транспортот и складирањето на вакцината, што може дополнително да ја одложи вакцинацијата. Според експертите, не треба да се надеваме дека туристичката индустрија ќе може да се врати во нормала пред есента или зимата следната година, односно на почетокот на 2022 година.

Некои авиокомпании најавија дека луѓето ќе мора да докажат дека примиле вакцина против коронавирусот пред да влезат во авион.

Фото: Pixabay