Дали сте пријатели со шефот на Facebook?

22

fb

Фото: Pixabay

Социјалните мрежи сè повеќе се присутни во секојдневното работење, па затоа не е чудно што приватните профили на многу корисници веќе се и деловни. Не е необично на листата пријатели да ги имате колегите, но каква е ситуацијата со шефот? Порталот МојПосао спроведе анкета на преку 700 испитаници, колку од нив го имаат шефот како пријател на Facebook. Ова се резултатите:

Мнозинството од анкетираните, 85%, го немаат шефот за пријател на FB. Меѓу нив 81% или немаат профил на Facebook, не го сакаат шефот за пријател или нивниот шеф нема FB профил. Само 3% од оваа група го одбиле барањето на шефот за пријателство, а 1% сè уште не потврдиле.

Шефот како пријател на оваа социјална мрежа го имаат 15% од анкетираните. На 9% од нив, поканата за пријателство им ја пратил шефот. Останатите 6% самите му испратиле покана за пријателство. Некои од нив од претходно биле пријатели, а некои се спријателиле со тек на времето.