Дали Црна Гора ги отвори границите за Македонија?

51

Граѓаните на Белорусија, Канада, Украина и Зимбабве ќе може да влезат од утре во Црна Гора без дополнителни ограничувања, информираат тамошните медиуми.

Жителите на Македонија и овојпат нема да може да патуваат во Црна Гора.

“Сите мерки се применуваат додека не престане опасноста од ширење на коронавирусот или додека мерката не се промени или одземе, освен мерките по кои е наведен рокот“, наведуваат надлежните.

Претходно, Црна Гора ги крена рампите од своите граници за Русија и Азербејџан.

Фото: Freepik