Дали знаете кои се најголеми извозници на индиски ореви?

108

Индиските ореви се јаткасти плодови богати со протеини, калциум, железо, магнезиум, фосфор и други хранливи материи што со редовна и умерена употреба го зајакнуваат организмот.

Според податоците на Statista, најголем извозник на овој јаткаст плод е Кина. Од оваа земја, минатата година се извезени индиски ореви во вредност од 455,7 милиони долари. По нејзе следуваат: Нигерија (190,9 милиони долари), Индонезија (84 милиони долари), Сенегал (33 милиони долари) и Холандија (32,5 милиони долари).

Меѓу 10-те најголеми извозници се најдоа и Индија (23 милиони долари), Мозамбик (14,8 милиони долари), Тајланд (4,8 милиони долари), Мјанмар (4,5 милиони долари) и САД (1,3 милиони долари).

Фото: Pixabay