Данска: Училиште каде учениците сами ќе одгледуваат и готват храна

danska1

Во главниот град на Данска, Копенхаген, на површина од 9.819 метри квадратни ќе се гради средно училиште во коешто учениците ќе учат како да одгледуваат и готват храна, што ќе расте на кровот од објектот.

Иновативното училиште New Islands Brygge School, освен стакленици, на кровот ќе има и соларни панели и други технологии за штедење енергија. Зад дизајнот на училиштето стои архитектонската компанија C.F. Møller.

danskla2

Бидејќи храната е главна тема на училиштето, салата за јадење е сместена во централниот дел на училиштето за да служи како фокусна точка и главен центар. Во училиштето ќе има оранжерии, градини и надворешни кујни. Бидејќи физичката активност е важна, архитектите имаат создадено и повеќе отворени рекреативни области.

dan3

Зградата е изградена да го следи најстрогиот дански енергетски код 2020 и вклучува вентилација со обновување на топлина, природна вентилација, светлина и добра изолација, пишува Brinkwire.

Фото: C.F. Møller