Дефицитот на САД достигна рекордни 3,1 илјади милијарди долари

25

Поради масовната алокација на средства од буџетот за време на пандемијата и послабата наплата на даноци, дефицитот во Соединетите држави достигна рекордни 3,1 илјади милијарди долари оваа година, што е за три пати повеќе од 2019 година.

Дефицитот е повеќе од двапати поголем отколку за време на кризата во 2009 година, кога изнесуваше 1,4 илјади милијарди долари. Годинешниот дефицит е 15,2% од БДП, што е највисок процент од Втората светска војна, пренесува Гласот на Америка.

Проекцијата за годинашниот дефицит беше до илјада милијарди долари, но поради вирусот, затворањена економијата, големите исплати од буџетот за помош на граѓаните и падот на даночните приходи, тој е многукратно поголем.

Во текот на оваа година, приходите се намалија за 1,2%, а трошењата од буџетот се зголемија за дури 47,3% или 6,55 илјади милијарди долари – повеќето беа за помош на компаниите и за оние кои останаа без работа.

Околу 22 милиони Американци останаа без работа во март и април кога економијата застана поради пандемијата.

Фото: Pixabay