Жителите на бул. Илинден, како и оние на Партение Зографски, денеска половина ден ќе го поминат без напојување со електрична енергија.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД , во среда без електрична енергија ќе останат: во периодот од 10.00 до 14.00 часот корисниците од бул. Илинден број 96, ул. Никола Тесла бр. 11-17, ул. Мирка Гинова (општина Карпош); во периодот од 10.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Партение Зографски (Центар).