Џеф Безос “посиромашен“ за седум милијарди долари

48

Најбогатот човек во светот, Џеф Безос изгуби цело мало богаство во една вечер.

Основачот на Amazon е посиромашен за 6,9 милијарди долари, по тргување на берзата. Вчерашниот ден акциите паднаа за 6,6% или 118 долари за акција.

Според експертите, Безос кој инаку поседува 57.610.359 акции во Amazon, може да ја загуби титулата најбогатиот човек во светот, пишува CNBC.

Втор на листата е ко-основачот на Microsoft Гејтс кој би го преминал Безос, доколку трендот на опаѓање на вредноста на акциите продолжи.

Фото: Facebook