Дијаманти од лабораторија – нов тренд во накитот популарен и меѓу ѕвездите

62

Компанијата Heyaru Engineering од Белгија започна со производство на синтентички дијаманти, познати како дијаманти од лабораторија.

“Вообичаено, дијамантите се создаваат по огромен процес во којшто се конвертира молекуларната јаглеродна структура во дијаманти. Веќе неколку децении, научниците се обидуваат да го имитираат тој природен процес во лабораторија. Heyaru неодамна разви техника за производство на екстремно чисти дијаманти“, велат од компанијата.

Овие синтетички дијаманти ги имаат истите хемиски својства и карактеристики како и вистинските, она по што се разликуваат е само цената.

Денес, синтетичките дијаманти се 2% од пазарот за накит, а станува популарен и меѓу многу популарни личност како што е Лејди Гага.

Во текот на следните 10 години, компанијата ќе инвестира повеќе од 200 милиони евра во дополнителна опрема за изработка на синтетички дијаманти, со што ќе се зголеми капацитетот на скоро 200.000 килограми годишно.

Фото: Heyaru.com