Добивка од 81,4 милиони денари за Стопанска банка Битола

26

Стопанска банка Битола минатата година ја заврши со добивка од 81.445.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, банката прикажа добивка од 16.968.000 денари.

“Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2020 – 31.12.2020 година изнесуваат 291,02 милиони денари. Во услови на надолен тренд на активните каматни стапки на ниво на банкарскиот сектор, повеќекратното намалување на основната каматна стапка на НБРСМ, како и сите останати мерки кои се презедоа во врска со настанатата ситуација со вирусот Ковид-19, придонесоа за тоа приходите од камати да се пониски за 8,84% споредено со минатата година, и покрај растот на кредитната активност“, стои во Образложението на финансиските резултати.

Во периодот што следува се очекуваат првите знаци на економско закрепнување. Стопанска Банка а.д. Битола и понатаму будно ќе ги следи сите макроекономски параметри и интерни индикатори и ќе го приспособува своето работење на деловната клима и динамикaта на пазарот, притоа водејќи прудентна политика првенствено насочена кон одржување на ликвидноста и долгорочната стабилност.

Фото: Pexels