Добивка од над осум милиони денари за Аутомакедонија

139

automakedonija

Компанијата Аутомакедонија оствари добивка од 8.128.000 денари, во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период минатата година, Аутомакедонија остварила добивка во висина од 27.352.000 денари.

Вкупните приходи од продажба за девет месеци изнесуваат 27.352.000 денари, додека лани тие беа 320.731.000 денари.