Добро завршената работа, квалитетот на опремата и односот кон клиентите се нашата предност

75
darko
Дарко Јовановски, сопственик на Фрагмент Комуникации и Ракија бар

Само беспрекорно реализиран настан, и задоволство за нашите клиенти е мотото по кое се води Фрагмент Комуникации, компанија која нуди услуги поврзани со техничка реализација на настани. Според сопственикот Дарко Јовановски, она по што Фрагмент Комуникации е поинаква од другите фирми во овој бизнис, е тоа што настапуваат консултантски кон своите клиенти со цел да се обезбеди потребната опрема и ценовно и квантитативно.

БИ: Како настана Фрагмент Комуникации?

1Фрагмент Комуникации постои од ноември 2011 година и настана како одговор или барање на клиентите кои имаа потреба од производи и услуги со повисоко ниво на стручност. Нашата опрема е нова, модерна – технолошки врв и е комплетно дигитална, што е светски тренд. Она што го нуди Фрагмент Комуникации се услуги поврзани со техничка реализација на настан: обуки, семинари, конференции, конгреси, видео конференции, комплетна реализација на настани на затворено и отворено… се што значи техничка реализација на настан. Освен изнајмување на опрема, продаваме и техничка опрема, во што спаѓаат микрофон, кабини за симултан превод, амбиентално светло, до огромни шатори за на отворено. Шаторите за на отворено ни е новитет последниве две година. Дилери сме за DIS (Danish Interpretation Systems), фирма која произведува опрема за симултан превод, АKG микрофонска опрема, Soundcraft аудио опрема и JBL, професионално аудио, за Македонија и регионот. Работиме и надвор од Македонија, најчесто на Косово, во Србија и Бугарија.

2

БИ: Зошто Фрагмент Комуникации е поинаква од другите компании што работат во овој сектор?

Во Фрагмент Комуникации клиентот е секогаш во право, но не по секоја цена. Од кој аспект? Од технички и финансиски аспект. Кога добиваме барање од некој клиент на пример, кој сака да организира настан, наброени се милион работи во барањето. Ние како фирма го ревидираме барањето и му укажуваме на клиентот – „ова што го барате не ви треба и чини толку и толку пари, она што ќе го добиете е тоа и тоа, ќе биде перфектно (односно е креирано точно да одговори на вашето барање) и ќе ве чини за толку и толку помалку”. Не сакаме по секоја цена да им ги земеме парите на клиентите, туку настапуваме консултантски. Тоа не двои од другите и горди сме поради тоа.

3Веројатно добро извршената работа е тоа што ги враќа оние што веќе користеле наши услуги, word of mouth од задоволните клиенти ни носи нови, како и квалитетот на опремата и односот кон клиентите. Дојде време кога импровизацијата не поминува. Може само еднаш да помине нешто, некое квази решение, дури веќе и ниту еднаш. Клиентите се веќе искусни, биле на настани во и надвор од Македонија, виделе како се организираат таму и не може да помине било каква приказна.

Можам да кажам дека веќе не сме мали играчи. На наше големо задоволство, се шириме и голем дел од приходот го реинвестираме, бидејќи другите играчи во овој бизнис се можеби веќе и 20 години на пазарот и не би можеле да им се приближиме ако не ги следиме нивните капацитети, за да можеме да одговориме на секое барање на клиентот.

БИ: За организација на настан треба време и многу нерви. Како се справувате со стресните ситуации?

Од операција на човек и онлајн организација нема постресна работа. Кај box moving бизнисот, ако нешто не е како што треба секогаш имаш “Леле, извини” опција и следниот ден ќе однесеш нов. На настан со предавач и учесници, ако не работи опремата не можеш да им кажеш “Дојдете утре”. Стрес секако постои, но веројатноста да потфрли квалитетната и нова опрема е обратнопропорционална со можноста за стрес. Ние инсистираме секогаш еден ден однапред да се намести и тестира опремата, нормално ако самата организација го дозволува тоа, ако не на денот на настанот се монтира што е можно порано, како би имало доволно време за добра техничка контрола. Секогаш постои веројатноста нешто да потфрли, не е секогаш фактор техниката, некогаш може да се случи да има проблем со фаза, да снема струја, некој несакајќи да „чепне“ кабел… Сите тие работи се ситници што влијаат, но се во втор план. Во прв план е односот кон самиот настан.

6

БИ: Вие сте сопственик и на Ракија бар во Старата Скопска чаршија. Како сте задоволен од посетеноста, има ли многу љубители на ракијата?

Ракија бар е отворен во февруари 2010 година и веќе ја полниме петтата година, тоа е една успешна приказна и јас сум задоволен, пред се затоа што за многу кратко време стана бренд, затоа што се наоѓа на карактеристична локација и затоа што е една карактеристична приказна. Имаме преку 50, 60 ракии од цел свет и карактеристични македонски мезиња, музичка програма седум дена во неделата. Имаме гости цела Македонија, па и од цел свет. Пред да го отвориме Ракија бар, немав претстава дека има толку многу странци/туристи во градов. Многу сум изненаден колку се информирани странците за убавините на Скопје и Македонија. Прв пат кога ќе влезат во барот, секогаш бараат да им препорачаме македонска ракија во комбинација со некое карактеристично локално мезе. Откако се отвори Ракија бар, се смени поимот за конзумирање на ракија. Ракијата не е само машки пијалок. Има ракии со помал процент на алкохол, со kaldrmaразлични ароми, вкусови, кои ги конзумираат жените. Ние го сменивме трендот дека само виното и евентуално пивото се смета за пијалок на понежниот пол. Сега веќе и ракијата си го зазема своето место во урбаната култура.

5