Долгото задржување на границите им создава проблеми на стопанствениците

16

Доколку продолжи задржувањето на граничните премини, инвестициите во патиштата нема да имаат ефект, беше истакнато денеска на седницата на управните одбори на Стопанска комора на Македонија и на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Тие сметаат дека иако добрата инфраструктура го намалува времето за транспорт, долгото задржување на границите, чекањето на терминалите, непотребните процедури, контроли и проверки прават големи проблеми.

Стопанствениците ќе иницираат формирање конзорциум од земјите низ кои минуваат коридорите 8 и 10 со цел поголем, непречен и брз проток на стоки, детектирање и решавање на кој било проблем при размената.