Домашни туристи ја спасуваа оваа сезона

39

Зголемениот интерес на домашните туристи за летување во Србија го намали падот на прометот во туризмот во однос на дестинациите во странство и ја спасија оваа летна сезона, сметаат од Туристичката организација на Србија (ТОС).

“Бројот на ноќевања на домашните туристи во јули, во однос на истиот месец лани, е намален за 3,2%. Во јуни падот бил 17% и важно е тоа што се вратила довербата на српските граѓани за патувања во земјата“, вели Марија Лабовиќ, директорка на ТОС.

Домашните туристи, на основа на остварените ноќевања, во јули најголем интерес имало за бањските и планинските места, како што се Врњачка бања, Сокобања, Златибор, Тара, Копаоник, Стара планина…

“Во Србија во јули оваа година, во однос на јули 2019 година, вкупниот број на туристи е намален за 52%, 42% пад кога се ноќевањата во прашање, имајќи вид дека доаѓањето на странски туристи бележи драстичен пад“, додава таа.

Иако сè уште нема официјални податоци за август, сепак од ситуацијата на терен може да се види дека пополнетоста на туристичките дестинации во земјата е уште подобра, а во текот на минатиот месец се барало соба повеќе.

Фото: Pixabay