Дожд во пониските, снег на повисоките места

19

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно. Претпладне ќе има обилни врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На повеќе места количината на наврнат воден талог ќе биде над 30л/м2, а на повисоките планини ќе се формира позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер.

Дневните температури значително ќе опаднат и ќе се движат од еден до 11 степени.

Во Скопје и околината облачно со дожд и со температура до шест степени.