Другата страна на СП во Бразил

35

brazil

Бразилците протестираат против Светското првенство во фудбал уште од јуни минатата година, кога земјата беше домаќин на Купот на конфедерации. Оваа фотографија на фотографот Едимар Соарес од O Povo, снимена за време на мечот Бразил – Мексико во јуни 2013, ја отсликува една од главните причини зошто Бразилците не се задоволни од тоа што се домаќини на СП.

Ова светско првенство го чини Бразил 11 милијарди долари, а според повеќето аналитичари, земјата ќе нема некаков значителен економски бенефит од него, пишува Бизнис Инсајдер.

Според Бразилците кои протестираат, подобро би било кога парите би се потрошиле за подобрување на инфраструктурата, училиштата и болниците.