Дружење со Петар и Калин: Како да создадете успешен македонски бренд?

28

14231977_1779515565621353_8040670643961841273_o

Петар Лазаров и Калин Бабушку, косопственици на компанијата Македонија Експорт, на 15 септември (четврток), со почеток во 17 часот, во Јавна соба, ве покануваат на дружење, убав разговор и некој бесплатен совет. Ќе се зборува за тоа како да се изгради успешен бренд во Македонија, колку е лесно еден бренд да остане конкурентен на пазарот, како да се создаде успешна приказна, каде најчесто се греши при градење на бренд…

На дружењето, присутните ќе имаат можност да слушнат за почетоците на Петар и Калин и нивните предизвици за создавање на познатите брендови MAMA’s – традиционални домашни рецепти, коишто се извезуваат во повеќе од 30 земји во светот и Tip of the week – прирачниците за личен и за професионален развој, кои за само две години од нивното издавање се продадени во тираж од над 13.000 копии во Македонија, а веќе успешно се етаблираат во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Тие што ќе се одлучат да присуствуваат на настанот, можат да ги донесат своите прирачници и да добијат личен потпис од страна на авторите, а учесниците кои ќе бидат најактивни на настанот, ќе добијат брендиран Tip of the Week подарок. Целото дружење ќе биде заокружено со дегустација на одличните МАМА’S производи.

Влезот е слободен.

Текстовите на Петар и Калин можете да ги прочитате на Бизнис Инфо.