Држава на семејствата им дава по 350 евра: Парите ќе се исплаќаат во готово или како ваучери

411

Домаќинствата во Велика Британија со ниски примања наскоро ќе добијат 350 евра помош за струја, гас и храна од Фондот за поддршка на домаќинствата, објави Сан.

Илјадници домаќинства можат да аплицираат за оваа државна помош, а точниот датум на пријавување ќе биде објавен за неколку дена.

Фондот за поддршк на домаќинства е основан во 2021 година, а средствата се даваат на локалните власти кои вршт нивна дистрибуција.

Средствата може да бидат исплатени кеш или како ваучери за купување кои се користат за плаќање на гас, струја и храна.

Домаќинствата кои оваа година веќе добиле помош преку фондот, нема да може повторно да се пријават до крајот на септември.