Двајца дизајнери креираа идејни решенија за AUDI камион

44

MTM5NTIzMjMxMDM5MTA0NDMy

Двајца независни дизајнери Артем Смирнов од Белорусија и Владимир Панченко од Украина создадоа дизајни за тоа како би изгледал еден камион доколку би го произвел Ауди. Проектот е наречен Truck for Audi, а вклучува две замисли, првата е автономен електричен камион дизајниран за долги патувања по автопат и електричен камион-цистерна со полутеренски тркала.

Првиот дизајн е предвиден да има автопилот функција што би го одменувала возачот по потреба. Дизајнот е со поизразени агли, но со мазна површина и голема шофершајбна. Второто возило го одликува тоа што има место за двајца возачи слично како возилата на Формула 1 со отворени кабини. Интересно е што двата дизајни изгледаат како да се паметни телефони.

Смирнов и Панченко не можат да се одлучат за еден модел, па ги повикуваат сите да дадат свој придонес со гласање.

0eb98a82-8d87-450e-a763-1a6a2bfb0fb7Audi-Truck-Project-Plan-B-1MTM5NTIzMjMxMDM5MjM1NTA1audi_truck_a_8