Две рецесии во една година – италијанската економија бележи нов пад

52

Поради новиот бран од ширење на Ковид-19 и рестриктивните мерки, италијанската економија би можела во четвртиот квартал да забележи нов пад на производството, предупредува Центарот за студии на италијанската Федерација на големи индустрии.

Најмногу се оштетени услужните дејности, транспортот и оние кои се во секторот рекреација и спорт. Само во туризмот се проценува пад на приходите од 70% во однос на периодот пред пандемијата.

Во четвртиот квартал се прогнозира пад на вработеноста, а потрошувачката опадна уште во октомври.

Италијанците, уплашени од пандемијата и загрижени поради неизвесната иднина, штедат повеќе од вообичаеното.

Бруто домашниот производ во третото тримесечје забележа раст од 16%, но ситуацијата од почетокот на вториот бран од пандемијата повторно се влоши, па до крајот на оваа година се очекува втора рецесија во една година.

Фото: Pixabay