Од први јануари оваа година, 21 од 27 земји членки на Европската унија имаат национална минимална плата. Државите во коишто не е воспоставена минималната плата се: Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска.
Од земјите членки во коишто има воспоставено минимална плата, најниска е Бугарија (312 евра). Меѓу земјите што имаат најниска минимална плата, сместени се во источниот дел на Европа, се: Латвија (430 евра), Романија (466 евра), Унгарија (487 евра), Хрватска (546 евра), Чешка (575 евра), Словачка (580 евра), Естонија (584 евра), Литванија (607 евра) и Полска (611 евра).
Во овие земји, сместени во јужниот дел на Европа, минималната плата се движи од 700 до 1.000 евра месечно: Португалија (741 евро), Грција (758 евра), Малта (777 евра), Словенија (941 евро) и Шпанија (1.050 евра).
Во овие земји членки, што гравитираат кон западот и северот на стариот континент, минималните плати се над 1.500 евра месечно: Франција (1.539 евра), Германија (1.584 евра), Белгија (1.594 евра), Холандија (1.636 евра), Ирска (1.656 евра) и Луксембург (2.142 евра).
За споредба, минималната плата во САД изнесува 1.119 евра во јануари оваа година.
Фото: Pixabay