ДЗС: Преработувачката индустрија со раст од 16,9%

21

metallurgy-2932943_960_720Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува 108.4.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи опаѓање од 0,3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 16,9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 28,4%.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и уреди, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,8%, Капитални производи за 26,6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 57,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 26,1%.