Една милијарда посетители на Facebook во еден ден

13

fb

Во понеделникот секој седми човек на планетата се логирал на Facebook. Ова е прв пат една милијарда луѓе да го користат Facebook во еден ден, што е рекорд за нас и е само почеток во поврзувањето на светот, напиша Марк Цукерберг во својот пост.

“Исклучително сум горд на нашата заедница поради постигнатиот напредок. Нашата заедница симболизира право на секој човек да се изрази, се залага за меѓусебно разбирање и за вклучување на секој во можностите што ги нуди модерниот свет”, стои во постот.

Оваа социјална мрежа ја посетуваат 1,5 милијарди корисници барем еднаш месечно, но ова е најголемата бројка логирани во еден ден.

Цукерберг го основа Facebook во 2004 година уште додека беше студент на Харвард.