Една третина од рестораните во Брисел пред банкрот

41

Една третина од 1.200 ресторани кои работат во Брисел би можеле да банкротираат до есен поради финансиски проблеми предизвикани од пандемијата, пренесува агенцијата Анадолија.

“Многу работни места веќе завршија напорна работа, но со најновите мерки ситуацијата стана катастрофална за индустријата. Некои ресторани целосно се затвораат, додека други велат дека се затворени поради одморите, но знаат дека нема да бидат повторно отворени“, смета Филипе Трине, претседателот на Федерацијата на индустрија за прехранбени производи во Брисел.

Поради зголемениот број на заразени, властите во Белгија воведоа нови мерки, меѓу кои задача на сопствениците е од сите гости да ги земат основните податоци и телефонски броеви што ќе ги чуваат 14 дена заради контактирање во случај заразата да се појави во објектите.

Според податоците, минатиот месец 70% од вработените во рестораните со полно работно време се привремено невработени.

Фото: Pixabay