Електричниот авион eBeaver го имаше својот прв пробен лет

26

Канадската компанија Harbor Air го направи првиот тест на електричниот авион eBeaver, инаку во производство на австралиски magniX, пишува Aerotime.aero.

Електричниот авион го имаше својот прв пробен лет над реката Фрејзер во Британска Колумбија, којшто траеше неколку минути.

Авионот полетал од пристаништето Harbour Air Seaplanes во Ричмонд и летал околу 16 километри. eBeaver има капацитет за шест патници, а во комерцијална употреба би можел да се најде за две години.

Фото: Pexels