Etihad лансира дигитален пасош во услови на пандемија

45

Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (International Air Transport Association – IATA) и Etihad Airways најавија партнерство за почнување своевиден дигитален пасош за патници од таа национална авиокомпанија од Обединетите Арапски Емирати во услови на пандемија.

IATA Travel Pass е мобилна апликација што им помага на патниците лесно и сигурно да управуваат со патувањата во рамки на барањата на владите за тестирање на Ковид-19 или околу статусот на вакцинирање, бидејќи ќе патуваат сио проверена и подготвена документација.

Патниците ќе може со “електронскиот пасош“ пред патувањето да проверат дали нивниот тест или вакцинален статус одговара на барањата за дестинацијата на којашто патуваат.

IATA Travel Pass првично ќе им биде понуден на патниците на Etihad Airways на одбрани летови од Абу Даби во првиот квартал од годината. Доколку пропусницата биде успешна, ќе се користи и на други одредишта во мрежата на Etihad.

Фото: Facebook