ЕЦБ воведе казнена камата од 0,10% за депозитите на банките

20

Germany Euro

Банките во Европа ќе мора да плаќаат казнена камата доколку одлучат да депонираат пари во Европската централна банка (ЕЦБ), наместо да ги пласираат во реалниот сектор и на потрошувачите во вид на кредити. Поради тоа, ЕЦБ за прв пат донесе одлука на депозитите да им наметне негативна камата од 0,10%, пренесуваат германските медиуми.

Тоа значи дека доколку банките сакаат да позајмат пари од ЕЦБ, за тоа ќе мора да платат, а не да добиваат камата на депозитите.

ЕЦБ својата клучна камата за рефинансирање ја спушти на историски минимум од 0,15%, додека стапката за депозити преку ноќ, во рамки на очекувањата, ги пренесе во негативна територија.

Банкарскиот сектор почна со критики кон мерките на ЕЦБ, како и повеќе независни аналитичари кои сметаат дека оваа мерка ќе остави негативни последици и може да предизвика таканаречен ценовен балон.

“Ултраниските камати и прекумерната ликвидност може да значи почеток на нова криза. Кога инвеститорите трагаат по високи приноси, тоа може да предизвика ценовен балон на пазарите на акции или недвижнини. Ниските камати го намалуваат и притисокот на земјата во услови на криза да спроведува реформи и да создава проблеми во нивното задолжување“, смета Мајк Хантер, директор на германскиот институт за економија IW.