ЕУ размислува да воведе царини за евтини стоки купени на кинески онлајн платформи

16

Европската унија размислува да воведе царини за евтини стоки купени преку кинески онлајн платформи како што се Шејн и АлиЕкспрес, објави денеска „Фајненшл тајмс“ (ФТ), повикувајќи се на три анонимни инсајдерски извори.

Според сегашните регулативи на ЕУ, пакетите купени преку Интернет од земји кои не се членки на ЕУ не подлежат на царина ако нивната вредност е под 150 евра, а Европската комисија (ЕК) ќе предложи укинување на тој праг подоцна овој месец, велат изворите.

Европската комисија посочи дека минатата година од странство во ЕУ пристигнале две милијарди пакети вредни помалку од 150 евра и додаде дека овој обем на онлајн трговија ги тестира границите и можностите на царината.