Европска земја ја симна од тронот досега најиновативната земја во светот

145

Според најновиот Bloomberg Innovation Index, Германија е најиновативна земја во светот. По неа следат Јужна Кореја, Сингапур, Швајцарија и Шведска, а меѓу првите десет се наоѓаат и Израел, Финска, Данска, САД и Франција.

Германија оваа година го зазема првото место на најиновативни земји откако Јужна Кореја шест години ја држеше челната позиција на листата, а САД паднаа на деветто место.

Од земјите во регионот на листата се наоѓа Словенија којашто го зазема 21-во место, Бугарија е 42-ра, Хрватска е на 43-та позиција, Турција од 33-то падна на 35-то место, а Грција од 35-то се искачи пет места погоре од вкупно 60 земји.

Во годишниот индекс на Bloomberg, иновациите се оценуваат по критериуми како што се трошоци за истражување и развој, производни способности на компаниите и концентрација на високотехнолошки компании.

Фото: Printscreen