Италијанскиот производител на врвни апарати за домаќинство Smeg и познатата модна куќа Dolce & Gabbana создадоа еден малку поинаков фрижидер што ќе внесе разиграност во секоја кујна.
Наречен FAB28, овој уред е совршен за оние што сакаат неконвенционални работи, па макар се работело и за фрижидер, пишува Maxim.
Вообичаено фрижидерите на Smeg се минималистички, со логото на компанијата на предната страна, рачка што потсетува на 50-тите години и секако во една боја. Сепак, оваа нетрадиционална серија го носи стилот на Dolce & Gabbana и изгледа сосема поинаку.
Тој е едно вистинско ремек дело на сицилијански уметници, испреплетен со разни борбени сцени, симболи и цветни детали во секакви бои. Поради својата ексклузивност, само 100 парчиња ќе се најдат во продажба.
Цената сè уште не е одредена.