
Македонска берза го стави Факом АД Скопје на „Листата за набљудување“, заради утврдување на постоење услови за отворање на стечајна постапка.
Ве известуваме дека донесен е заклучок за внесување на издавачот Факом АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото Факом АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради поведена претходна постапка заради утврдување на постоење услови за отворање на стечајна постапка на издавачот Факом АД Скопје.














