Факом прокнижи добивка од 2,3 милиони денари минатата година

24

fakom

Компанијата Факом од Скопје, во период од први јануари до 31-ви декември 2015 година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 2.358.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во 2014 година, Факом прикажа добивка во висина од 5.876.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на 2015 година беа 1.276.233.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени само 423.858.000 денари, додека поголемиот дел од 852.375.000 денари е реализиран на странски пазари.

“Во оваа година се остварија вкупни приходи од 1.291.000.000 денари и кај истите има зголемување од 23,95% споредено со истиот период од 2014 година“, се вели во Образложението кон билансот на успех објавен на Македонска берза.

Факом се занимава со проектирање, производство и монтажа на челична конструкција и делови на конструкции, сите видови на заварени носачи и изградба и монтажа на опрема за капитални индустриски и термоенергетски објекти.