Фармацевтски гигант со загуба од 9,5 милијарди долари за три месеци

80

Германскиот фармацевтски гигант, Bayer во второто тримесечје од оваа година прикажа загуба од 9,5 милијарди евра, поради зголемените трошоци за судските процеси поради хербицид.

Истиот период лани, Bayer оствари нето добивка од околу 400 милиони евра. Приходите од продажба во второто тримесечје го поттикна земјоделското работење на компанијата, додека пандемијата од коронавирусот го притисна фармацевтскиот бизнис.

Одложени се многу медицински зафати што не беа важни, а пациентите поради страв од зараза избегнуваат да одат во болница.

Благ пад има и во продажбата на производи за лична хигиена, а тоа е поради мерките за затворање на продавниците поради карантинот. Приходите од продажба во второто тримесечје изнесуваа околу 10 милијарди евра и се 6,2% пониски во однос на истиот период лани.

Фото: Freepik