Ferrari очекува приходи од милијарда евра

120

Италијанскиот производител на автомобили, Ferrari ги ревидираше приходите што би требало на крајот на годината да достигнат меѓу 1,075 и 1,125 милијарди евра, пишува Bloomberg.

Новите очекувања се поклопуваат со прогнозата што е проектирана во мај, кога приходите беа предвидени меѓу 1,05 и 1,2 милијарди евра.

Ferrari и во услови на пандемија одлучи да ги задржи сите вработени и да им ги исплаќа платите во целост, а успеа да забележи продажба од 571 милион евра, во споредба со проценките од 574,4 милиони евра за вториот квартал.

Нето приходите од продажба на Ferrari достигнаа девет милиони евра, што е повеќе од проектираните 2,3 милиони евра.

Фото: Freepik